Најмногу дожд во Пожар 54 литри, на планините снег
Најмногу дожд, 54 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Пожар, по што следат Пожаране со 25 литри, Берово со 24, Тетово и Виница со по 20 литри, Лазарополе, Ѓуриште и Маврово 18, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Крива Паланка наврнале 17 литри дожд, во Струмица 16, 14 во Дебар, по 13 литри во Гевгелија и Ѓуриште, 12 во Битола, Крушево, Дојран, 10 Штип, 9 во Охрид и Скопје...
На повисоките планини, пак, е формирана снежна покривка.
Како што информира УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне и особено во западните делови, каде на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата во интервал од 7 до 13 степени целзиусови. Во Скопје облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Температура до осум степени целзиусови.
Утре ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег. Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор