Македонија
24. May 2025 - 10:15

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Маврови Анови, а најмалку во Скопје, Куманово и Велес.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврови Анови наврнале осум литри на метар квадратен, во Крива Паланка шест литри, во Петровец и Тетово четири, на Попова Шапка три, а на Зајчев Рид, во Куманово и во Велес два литри на метар квадратен.

Синоптичарите за денеска предвидуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), особено во источните и јужните делови, локално проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.