Македонија
24. May 2025 - 13:37

Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари

На 26.05.2025 во СВР Тетово, 39-годишник од Тетово, управител во приватна компанија тетовско, пријавил дека биле измамени од за сума од  145.360 долари.

Според пријавеното, по претходен договор, на сметка на фирма од Тајланд ги уплатиле парите, но по извесен период кога се појавил наводен проблем околу транспортот, констатирале дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.