Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
Во изминатите 24 часа најногу дожд, 3 литри на квадратен метар наврна во Ѓуриште, а по 1 во Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија. Највисока снежна покривка од 10 сантиметри, пак, има на Попова Шапка, 5 во Маврови Анови, а 1 сантиметар во Ѓуриште.
Утрово најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени - 4 степени Целзиусови, -2 во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево, 0 во Тетово, Охрид и Претор, 1 во Битола, 2 во Крива Паланка и Берово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово, 6 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 8 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-
Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија
-
Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк
-
ПМФЛ: По бод за Вардар и Струга во дербито на врвот
-
Расел ја освои ГН на Сингапур, Мекларен ја одбрани титулата
-
Виз Ер скопски маратон: Имери и Бакрачи најбрзи на полумаратонот
-
Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест
-
Кампањата за локалните избори влегува во втората недела
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“