Најмалку три лица загинаа во невремето Хенк во Англија
Најмалку три лица загинаа кога бурата Хенк ги зафати Англија и Велс со обилни врнежи и поплави, што предизвика евакуација на луѓето во близина на реката Трент во Стафордшир.
Силните поплави продолжија вчера во делови од Англија, а жолтото метео предупредување беше во сила до рано утринава. Поплавени се куќи и патишта, а пожарникарите им помагаат на загрозените граѓани.
Метеоролозите рекоа дека дождот паднал на веќе потопена земја и предупредија дека може да предизвика дополнителни поплави и прекин на сообраќајот.
Директната железничка линија меѓу Свиндон и Бристол Парквеј е прекината поради поплави.
Британската Агенција за животна средина соопшти дека го истражува излевањето на канализацијата од поплавената пречистителна станица во Сари, а портпаролот на агенцијата изјави дека канализацијата се излеала во Темза.
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички