Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени при потонување на туристичка подморница во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвено Море, објави египетскиот весник „Ал Ахрам“.
Во подморницата имало 45 руски државјани, а 29 лица се спасени.
Подморницата Синдбад со години превезувала туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвено Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те туристички подморници во светот. Подморницата имала капацитет за 44 патници и се спуштала на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.
На крајот на ноември туристичкиот брод потона во Црвено Море во близина на одморалиштето Марса Алам, при што 11 луѓе загинаа, а 35 се спасени.
На почетокот од февруари туристички брод потона во близина на Џабал ал Зајт, северно од Хургада. Сите луѓе на бродот беа спасени.
Туризмот е клучен извор на девизи за Египет, а руските туристи се меѓу најбројните посетители.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена