Преглед на вестите од светот
Соединетите држави засега нема да издаваат студенски визи. Стејт Департментот им нареди на американските амбасади да престанат да закажуваат интевјуа со барателите на студенски визи. Сoединетите држави сакаат да ја прошират проверката на странски студенти и на социјалните мрежи пред да им биде дозволено да влезат во земјата. Многу е важно да се провери кој влегува во Соединетите дрќави изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус. Претставници на американската влада претходно изјавија дека имателите на студентски визи и зелени карти може да бидат депортирани поради поддршка на Палестинците и критикување на однесувањето на Израел во војната во Газа.
Украинскиот претседател Водоломир Зеленски пристигна во Берлин на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Посетата ќе се фокусира на германската поддршка за Украина и напорите за постигнување прекин на огнот со Русија соопшти прес службата на германскиот канцелар.
Илјадници Палестинци вчера попладне се собраа на локации каде што се дистрибуираше помош од фондација поддржана од САД и Изарел .. Фондацијаата соопшти дека дистрибуирала околу 8.000 кутии храна во појасот Газа, што е еквивалентно на околу 462.000 оброци, по 11-неделната израелска блокада на енклавата уништена од војната. Израел , без да даде докази, ја обвини палестинската милитантна група Хамас, дека се обидела да ги блокира цивилите да стигнат до центтрите за дистрибуција на помош. Хамас го негираше обвинението.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар