Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Сомалија
Најмалку седум луѓе загинаа откако бомбаш самоубиец се разнесе во продавница за чај во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Портпаролот на сомалиската полиција, Садик Али, изјави дека во експлозијата загинале пет лица, а шест се повредени. Според него напаѓачот бил член на Ал Каеда.
Групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот во порака објавена преку нејзината арапска филијала на новинската агенција Шахада. Според Ал Шабаб загинале 11 луѓе, а повредени се 18 ранети.
Нападот се случи на контролен пункт на патот што води кон Парламентот и претседателската резиденција, додека продавницата ја посетуваат војници.
Во јуни, Ал Шабаб, која се обидува да ја собори централната Влада и да наметне сопствено толкување на исламскиот закон, уби 54 војници од Уганда во нивната база југозападно од Могадишу.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци