-->
-->
Најмалку десетмина загинати при напад на елитен хотел во Могадишу
-->
-
Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 11 се повредени при напад на хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локалната полиција.
Меѓу жртвите има и војници и цивили.
Екстремистичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба, кој експлодира пред хотелот „Наса Хаблод“, каде често престојуваат политичари и познати личности од јавниот живот во Могадишу.
Од хотелот се слушаат истрели, а Ал Шабаб тврди дека нивни членови се наоѓаат внатре.
Полицијата соопшти и дека во близина на објектот експлодирал и минибус.
Повеќе од 350 луѓе загинаа во експлозија на камион-бомба пред две недели во главниот град на Сомалија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот