Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
Најмалку 81 лице го загуби животот, а 34 се водат како исчезнати откако бурата „Трами“ го погоди северозападниот дел на Филипините.
Според владината Агенција за вонредни ситуации, бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи продолжуваат да пристигнуваат извештаи од други области.
Речиси половина милион луѓе избегаа во повеќе од 6.400 засолништа кои се отворени во неколку провинции.
На итен состанок на владата, претседателот Фердинанд Маркос изрази загриженост поради извештаите на владините метеоролози дека бурата, единаесетта што ги погоди Филипините од почетокот на годината, може да го промени правецот следната недела.
Филипинската влада ги затвори училиштата и владините канцеларии пред три дена за да се осигура безбедноста на милиони луѓе на островот Лузон.