Најмалку 50 повредени на фестивал за културата на Еритреја во Стокхолм
Повеќе од 50 лица се повредени, од кои осум потешко, а околу стотина се приведени откако противници на владата на Еритреја упаднаа на настан во Стокхолм, организиран од приврзаници на режимот на Еритреја.
Околу 1.000 антивладини демонстранти, на кои им беше дозволено да одржат протест во близина на фестивалот, ја пробија полициската бариера, ги урнаа фестивалските шатори и запалија возила, јавуваат агенциите.
Полицијата соопшти дека привела околу сто лица по избувнувањето на насилните немири и дека останува во северозападното предградие на Стокхолм заради враќање и воспоставување на редот.
Според портпаролот на полицијата, приведени се меѓу 100 и 200 лица, а отворена е истрага за насилни немири и подметнати пожари, како и за попречување на работата на полицијата и спасувачките служби.
Полицијата соопшти дека најмалку 52 лица побарале лекарска помош, или на местото на настанот или во локалните клиники и болници. Петнаесет лица се префрлени во болница, соопшти во посебно соопштение здравствената управа на регионот Стокхолм. Како што се наведува, осум лица се здобиле со „тешки повреди“, додека останатите седум се здобиле со „лесни повреди“.
Во Шведска живеат десетици илјади луѓе со потекло од Еритреја. Фестивалот посветен на културното наследство на Еритреја е годишен настан што се одржува од 1990-тите, но е критикуван затоа што наводно служи како промотивна алатка и извор на пари за властите на оваа африканска земја, јавуваат шведските медиуми.
Ново на Сител
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење
-
Филипче: Мицкоски има обврски да информира за ЕУ во Собранието
-
Филков: Правосудниот систем мора да се реформира, дебатите стартуваат следниот месец
-
ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка, не е прекршен законот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинувањето на балансерот
-
Уставен го укина балансерот, нема веќе вработувања по етничка основа во администрација
-
Преглед на вестите од светот