Свет
9. October 2024 - 8:15

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Романија во текот на ноќта, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Според соопштението, земјотресот се случил околу 01:48 часот по локално време, а епицентарот бил на 25 километри северно од градот Бузау. Засега нема информации за евентуална штета или повредени.