Loading Video...
Свет
9. October 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Израел продолжува да ги напаѓа проиранските групи. Армискиот  портпарол Даниел Хагари информираше дека за 24 часа погодиле повеќе од 230 локации на Хезболах и Хамас во Либан и Газа. Премиерот на Израел  го повика либанскиот народ да се крене против Хезболах за да не ја доживеат судбината на Газа.

Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што ќе доведе до уништување и страдање како што гледаме во Газа. Не мора да биде така  Ви велам вам, народе на Либан: ослобоодете ја вашата земја од Хезболах за оваа војна да може да заврши, ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може вашата земја повторно да напредува порача Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.

Синока, израелската  војска  изврши воздушен напад  и во главниот град на Сирија,Дамаск.  Бомбардираше станбена зграда  во близина на иранската амбасада   а цел на нападот како што тврди Изарел   бил член на Хезболах, обвинет за шверц со оружје.  Нема информации дали  членот  на Хезболах е убиен.  Сириските власти соопштија дека во нападот загинале  седум цивили.   Во текот на вчерашниот ден Хезболах истралал околу 135 ракети од Либан кон Израел. Оштетени се куќи и автомобили. Од Белата куќа најавија дека претседател Бајден  во теко на денот  ке има  телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за потенцијалните воени дејствија против Иран.

Милиони луѓе во Флорида брзаат да ги напуштат  своите домови додека урганот Милтон се приближува кон западниот брег на  американската сојузна држава. Милтон - ураган од петта категорија се очекува да да ја погоди областа Тампа вечерва, со ветрови со брзина од 270 км на час. Пред да заминат, многумина ги забарикадираа куките

Молете се на куќаат да не ви падне дрво или слично.

Земаме неколку дрвја за да ги затвориме прозорците. Знаете, се обидуваме да останеме безбедни, да сме сигурни дека нипти нема да ја удри куката. Тоа е целта.

Американскот претседател Џо Бајден апелираше до жителите на Флорида серриозно да ги сватат наредбите за евакуација и да се засолнат на  на безбедно.

-Ова може да биде најлошата бура што ја погодила Флорида во повеќе од еден век. И ако сте под наредба за евакуација, треба да се евакуирате сега. Сега, сега. Тоа е прашање на живот и смрт. И тоа не е хипербола, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Додека Милтон  и заканува на Флорида, Кирк се движи кон Европа.  Иако повеќе не е класифициран како ураган, тука тропска бура, сепак останува прогнозата деќа ке направи проблеми во Португалија Шпанија, Франција, Германија, Швајцарија и  Белгија.