-->
-->
Најмалку 41 починат од труење со алкохол во Сибир
-->
Бројот на лицата кои го загубија животот од труење со алкохол во Сибир се искачи на 41, изјави обвинителот на Ленинскиот регион на Иркутск, Станислав Зубовскиј.
Шеснаесет луѓе се хоспитализирани во критична состојба.
Според федерална истрага, граѓаните што се отруле ја користеле течноста како алкохолен пијалок не знаејќи дека таа содржела концентриран метил алкохол (метанол) наместо етил алкохол.
Сите жртви се жители на населеното место Ново Ленино во близината на Иркутск. Иркутск е шести по големина град во Русија со 1,1 милион жители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за „Онкологија“
-
Мицкоски: Безидејноста на опозицијата не се покрива со црна кампања
-
Филипче: Власта потфрли на сите полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците