Најмалку 25 случаи на внатрешен тероризам во врска со немирите во Конгресот
Американските власти открија најмалку 25 случаи на внатрешен тероризам во врска со немирите во американскиот Конгрес, јавија американски медиуми повикувајќи се на конгресменот – демократ Џејсон Кроу, кој разговараше за ова прашање со министерот за одбрана Рајан Мекарти.
Тој исто така рече дека за време на немирите се пронајдени и огнено оружје, експлозив, молотови коктели и друго, „што укажува на тоа дека е спречена голема катастрофа“, рече Кроу. Тој изрази загриженост дека во немирите учествувале војници и резервисти.
Според Мекарти, Пентагон е свесен за „можните закани од потенцијални терористи“ во деновите пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. Мекарти го увери конгресменот дека Министерството за одбрана на САД работи со органите на прогонот за да се подготват за церемонијата на инаугурацијата на 20 јануари.
На 6 јануари, приврзаниците на Трамп се собраа во Вашингтон и упаднаа во Капитол, каде се одржуваше седница за номинирање на Бајден за претседател. Во немирите загинаа пет лица, а десетици беа повредени.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години