Најмалку 22 исчезнати при уривање на мост во Индија (ДПЛ)
Најмалку 22 лица се водат како исчезнати откако два автобуса со повеќе десетици патници и неколку автомобили паднаа во водите на надојдената река Савитра, при уривање на дел од стар мост на автопатот Мумбај-Гоа во Индија, јави ДПА.
Како што соопшти претставникот на локалната полиција Санџај Наик, несреќата се случила во округот Рајдаг во индиската сојузна држава Махараштра, на околу 170 километри јужно од Мумбај.
Шефот на индиската Национална служба за вонредни состојби О.П. Синг, претходни ијзави дека веднаш по пријавата за несреќата на место на настанот се упатиле околу 80 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи.
- Но, силниот дожд ја попречува спасувачката операција, изјави Синг.
Како што јави индиската телевизија НДТВ, мостот што се урнал бил изграден „уште во времето кога Индија беше британска колонија“. Индија стекна незавиосност од Велика Британија во 1947 година.
Ново на Сител
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата