Најмалку 12 лица убиени во израелски воздушни напади во Газа
Најмалку 12 лица се убиени а 20 се ранети во израелските воздушни напади врз цели на Исламскиот џихад во Појасот Газа во текот на ноќта, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на медицински извори во крајбрежната енклава, пренесува БТА.
Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група, Бригадите Ал Кудс (арапско име за Ерусалим).
Станува збор за Џихад Ганам, секретар на воениот совет на бригадите Ал-Кудс, командантот на военото крило на Исламски џихад во северниот дел на крајбрежната енклава и член на воениот совет Калил ал Бахтани, како и Тарек Езедин, кој беше одговорен за координацијата меѓу бригадите Ал-Кудс во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.
Според израелската војска, тројцата се одговорни за неодамнешната ракетна стрелба врз земјата. Убиени се и сопругите на лидерите на предметната бригада Ал Кудс и неколку нивни деца.
Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по Хамас, исламистичкото движење кое ја контролира енклавата.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски