Свет
28. April 2025 - 7:57

Најмалку 11 луѓе загинаа кога возило влета во публиката на фестивал во Канада

Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се повредени во синоќешниот напад врз насобраниот народ, кој присуствувал на фестивал во канадскиот град Ванкувер.

Автомобил влета во публиката на фестивалот „Лапу Лапу“, посветен на филипинската култура што се одржува секоја година.

Возачот (30) е уапсен на местото на настанот. Тој имал проблеми со менталното здравје.

Канадската полиција соопшти дека инцидентот не е терористички напад.