Преглед на вестите од светот
Од утрото на 8 мај до 10 мај на полноќ руската армија ќе запре со сите воени акции против украинските сили објави Путин. Шефот на Кремљ го проласи едностарниот тридневен прекин на огнот за периодот кога Русија ги органзиира прославите по повод 80 годишината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората Светска Војна.
Путин ја повика Украина да се придржува до примијетот и предупреди дека доколку силите на Киев го прекршат, руската војска ќе даде „соодветен и ефективен одговор“. Синоќа американскиот претседател Трамп го повика Путин да нареди заприрање на нападите врз Украина и Москва да склучи мировен договор со Киев.
Украинскиот претседател Зеленски ги повика Соедеините држави да воведат нови сакнции врз Русија бидејќи го одолговлекувала процесот за постигнување мировен договор.
Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, ќе почне на 7 мај, објави портотлот на Ватикнан Матео Бруни. Конклавата се одржува во Сикстинската капела во Ватикан. Новиот папа ќе биде избран со двотретинско мнозинство гласови од 135 кардинали на возраст под 80 години од целиот свет.
Гласањето е тајно а процесот за избор на нов папа вообиачено трае со денови. Знак дека конклавата завршила и дека е избран нов папа е бел чад од оџакот на капелата. За поглавар на римокатоличката црква може да биде избран секој маж крстен како католик. Вообичаено тоа е некој од активните кардинали.
Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија од непознати причини. Прекинот на електричната енергија напарви проблеми на аеродромите, железниците и метроата во неколку поголеми шпански градови, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона, Севиља и Валенсија. Во Португалија, полицијата кажа дека е затворена подземната железница во Лисабон и Порто.
Властите во Шпанија и Португалија соопштија дека се обдуваат да откријат што го предвиикало прекинот на електричната енергија. Ниту една опција не е исклучена, дури ни сајбер напад.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар