Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс.
Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица.
-Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада.
Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица. Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад.
Причината за пожарот се уште се истражува.
Ново на Сител
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија
-
Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025