Најмалку 10 убиени и 50 ранети во изралекси напад во источен Либан

– Најмалку 10 лица беа убиени, а 50 ранети во израелски напад во долината Бека во Либан.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале командни центри на Хезболах во областа Баалбек, дел од долината Бека. Хезболах сè уште не го коментирал инцидентот.
Според изралекси извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах.
Нападот е меѓу најсмртоносните регистрирани во источен Либан во последните недели и ризикува да го наруши кревкото примирје меѓу Израел и Хезболах, потпишано кон крајот на ноември 2024 година, чие спроведување е доведено во прашање, бидејќи двете страни се обвинуваат меѓусебно за негово кршење.
Кон крајот на ноември 2024 година, Израел и Хезболах објавија прекин на огнот со посредство на Соединетите Американски Држави со цел да се стави крај на повеќе од една година прекугранични борби. Оттогаш, двете страни разменуваат обвинувања за кршење на прекинот на огнот.
Американските и израелските претставници извршија притисок врз либанските власти да го ограничат арсеналот на Хезболах, додека либанските лидери предупредуваат дека пошироките израелски напади би можеле дополнително да ја дестабилизираат земјата, која веќе е потресена од политичка и економска криза.
МИА
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
