Најголемо злосторство на ураганот: Тригодишно девојче едвај преживеа, го најдоа како се држи за мртвата мајка
Било околу 3.30 часот наутро кога поради поплавите во Хјустон Колет Салцер (41) не можела да го продолжи возењето во Бјумонт во Тексас. Морала да излезе од автомобилот и со својата тригодишна ќерка во рацете да се пробива низ водата на сигурно.
Но надојдената вода била прејака и ги однела. Мајката се удавила, а девојчето продолжило грчевито да се бори држејќи се за нејзиното безживотно тело.
Спасителите ги најдоа како плутаа на околу километар од колата, а полицијата рече дека Колет правела се за да ја задржи глава на своето девојче над вода. Малечката имала и ранче кое и помогнало да се одржува во водата. За забележале спасителите во чамец и велат дека стигнале до нив во последен момент. Девојчето имало хипотермија од долгото стоење во вода, но сега е во стабилна состојба.
Најмалку 35 лица загинаа, а 32.000 се присилени да побегнат во засолништата о дпетокот кога Тексас го погодин најсилниот ураган во половина век, кој подоцна ослабна во тропска бура, а во четвртокот дополнително ослабна над Луизијана, оставајќи зад себе рекордни поплави.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини