Свет
25. November 2016 - 14:10

Најголемиот трговски синџир во Германија обвинет за пропагирање нацизам

Најголемиот синџир на супермакркети во Герамнија „Едека“ е под силни критики во јавноста затоа што во својата најнова божиќна реклама „прикриено пропагирал нацистичка идеологија“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, компанијата ги негира обвинувањата, но дебатите на социјалните медиуми не запираат.

Во новата божиќа реклама на „Едека“ се гледаат две возила на кои што се користат знаци на регистерските таблички што ги користат неонацистите за да се препознаат меѓу себе.

На едно од возилата табличката е со број „МУ СС 420“, со што покрај општо познатиот знак на нацистите СС, кој е забранет во Германија, „Едека“ го користи и бројот 420 што го означува роденденот на Хитлер - 20 април.

На второто возило на рекламата се наоѓа бројот 84 што е нацистичка кратенка за четвртата и осмата буква во азбуката Х и Д што означува „Heil Deutschland“ односно „да живее Германија“. На истата табличка се наоѓа и бројот 39, кој ги означува броевите 3 и 9 што се користат како симбол за „Христијански идентитет“, позната антисемитистичка идолошка група активна и во Европа.

„Едека“ ги негира обвинувањата за пропагирање нацизам тврдејќи дека се работи за случајно избрани регистерски таблички.