Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата

Генералниот обвинител на Украина Андриј Костин денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата.
Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја масовната регистрација на инвалидитет на обвинителите, прогласи политичка одговорност на главниот обвинител.
„Денеска, претседателот на Украина одржа состанок на Советот за национална безбедност во врска со очигледно неморалната ситуација со лажните инвалиди на службениците на државните органи. Многу срамни факти за злоупотреба беа пронајдени во обвинителскиот систем на Украина“, рече Костин во објавата на Телеграмскиот канал на Обвинителството.
Тој изјави дека ставот на претседателот го смета за „апсолутно коректен“ дека треба да има „лична одговорност“, особено политичка.
„Благодарен сум на претседателот на Украина и на Врховниот суд за довербата. Но, во оваа ситуација, сметам дека е правилно да побарам разрешување од функцијата главен обвинител“, рече Костин.
Главниот обвинител како причина го наведе скандалот со регистрацијата на инвалидитет на обвинителите во регионот Хмелницки, објави порталот Страна.уа, потсетувајќи дека гласините за негово разрешување се шират од пролетта. Тогаш главна причина за претстојната оставка беа скандалите поврзани со честите отсуства на Костин од Украина, забележува украинскиот портал, потсетувајќи дека медиумите објавија дека јавниот обвинител поминал неколку дена на странски службени патувања, најмногу во САД, каде живее неговото семејство.
Најавата за оставка на Костин се појави веднаш по објавата на Зеленски, посветена на резултатите од состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) во врска со злоупотребите на службениците на медицинските и стручните комисии (МСЕК) и регистрацијата на масовна лажна попреченост од обвинителите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
