Наградата „Животно дело“ на Општина Битола за Милица Шперовиќ-Рибарски
Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист, основач и прв директор на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кој годинава одбележа 25 години континуирано одржување, е годинашен добитник на „Животно дело“ - највисокото признание што го доделува Општина Битола.
Во пресрет на празникот на градот, Управниот одбор за доделување на наградата „4 Ноември“ одлучи да додели и три награди за годишни достигнувања, и тоа на Здружението на пензионери-Битола и Интерно одделение при Клиничка болница-Битола кои годинава слават 70 години постоење, а во категоријата стопанство награда ќе му биде доделена на менаџментот на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“.
Наградите ќе бидат врачени на 4 ноември на свечена академија што традиционално ја организира Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот.
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД