Македонија
2. November 2017 - 20:36

Награда за животно дело на општина Прилеп за архитектот Душко Најдоски

Архитектот Душко Најдоски е добитник на наградата за животно дело „Златна плакета“  што ја доделува градот Прилеп по повод Денот на ослободувањето - 3 Ноември, соопшти попладнето Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при прилепскиот Совет.

Комисијата која беше вчера формирана во рамките на новиот состав на Советот ја донесе одлуката на денешната седница. Според информациите од прилеспката локална самоуправа Комисијата ги сооопшти нагардените институции, организации и поединци со највисокото општинско признание за заслуги. 

За особен придонес за развојот од повеќе области, награди - плакети по повод „3 Ноември добиваат: КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) за меѓународна промоција на културните вредности на општина Прилеп; мото-клубот „Синови на громот МС’’ за промовирање на мото-културата и организрање на многубројни хуманитарни активности и невладинит „Детска амбасада за сите деца во светот“ за 20-годишна активност во областа на заштитата на правата на децата и здружението „РОМА С.О.С“ за едукација на ромското население.

Третоноемвриски дипломи добија: писателот Василе Димески за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година, Александар Стојкоски за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп и Миле Спирковски за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово.

Наградите ќе бидат доделени утревечер во 20 часот кога во локалната самуправа ќе се одржи свечена седница на Советот со што ќе биде одбележан празникот на градот - 3 Ноември.