Награда за Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели во Истанбул е добитник на наградата „Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа“.
На форумот, како што соопшти Сојузот на стопански комори, има вкупно шест добитници од целиот свет, а покрај Арсовска наградени се претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, Баласз Ракози, државен секретар на Министерство за национална економија на Унгарија и лидер на делегација на Вишеградската четворка, Даун Хетзел од САД, претседател на ЈСК, Филипе Араујо, вицеградоначалник на Порто, Потугалија.
- Жените сочинуваат 50.8 отсто од популација, 60 отсто од нив завршуваат додипломски студии, а 44 отсто се магистри по бизнис и менаџмент. Сепак овие бројки не се рефлектираат на силни позиции во менаџментот, но постојат личности кои ја менуваат оваа пракса, една од нив е Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, совршен пример за жена во бизнис светот, изјави претседателот на глобалната организација „Светски инвестициски форум на бизнис ангели – Турција“ Бајбарс Алтунташ на доделувањето на наградата.
За време на тридневниот форум, Арсовска ќе биде и специјален говорник на „Самитот за влијанието на инвестициите“ со фокус на „Влијанието на жените лидери во процесот на инвестирање со добивка“.
Светскиот конгрес на бизнис ангели 2018 е домаќин на повеќе од 1.200 делегати од над 70 држави од целиот свет. Организирани се пет различни самити на значајни економски теми на кои дискутираат еминентни личности од политиката, бизнисот, науката, коорпоративната елита. Целта на Светскиот форум на бизнис ангели е поврзување на бизнис ангелите, менаџерите на фондови, на берзи, извршни директори на коорпорации во насока на размена на најновите информации за движењето на капиталот и паметно инвестирање.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок