Награда „Театропис“ за актерката Мирел Кнез од Словенија

Театарската асоцијација на критичари и театролози ТАКТ ја додели наградата „Театропис“ на актерката Мирел Кнез од Словенија. Наградата е доделена за современ театарски израз, а за претставата „Ирена, но не можам повеќе!“ одиграна на годинашниот Меѓународен фестивал на монодрамата во Битола.
Режисер на претставата е Нико Горшич, а станува збор за новинарката и интелектуалка Ирена која сака да стане и писателка, и тоа многу славна.
- Претставата зборува за љубовта, успехот и славата, а во својот монодрамски настап актерката Мирел Кнез владее со сцената, нејзината игра е суптилна и прецизна, при што со минимална сценографија и костимографија се постигнуваат впечатливи и силни ефекти. Претставата е привлечна и гледлива, одмерена и концизна, јасна и трајна, соопшти Театарската асоцијација на критичари и театролози ТАКТ.
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
