Надлежните проверуваат: Кој е одговорен за смртта на овчарот од кратовско?
Вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата Љупчо Николовски со дописи ќе бара дали има одговорност меѓу институциите во постапувањето во случајот со сега веќе починатиот овчар Златко Божиновски. Николовски на социјалните мрежи рече дека освен детален извештај од ЦУК побарал и МВР да спроведе внатрешна контрола за да го испита постапувањето на надлежните полициски службеници.
Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност. Во вакви случаеви не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот. Неприфталиво и недозволиво е во 21 век, да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детктираат како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаи. Итно лоцирање на одговорност, соодветни мерки, санкции и расчистување на случајот, напиша Николовски вчера на социјалните мрежи.
Божиновски по несреќа на изолиран имот во кратовско предолго чекал да му се пружи медиинска помош во здравствена установа. Локален доктор и уште едно лице повеќе од 5 часа на импровизирани носила го носеле до болница откако претходно сите институции се прогласиле за ненадлежни во пружањето помош.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта