-->
-->
Над половина милион Рохинџи во Бангладеш добија документи за лична идентификација
-->
Повеќе од 500.000 Рохинџи, бегалци кои живеат во импровизирани кампови во Бангладеш, добија документи за лична идентификација, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци.
„До денес, повеќе од 500.000 Рохинџи бегалци од Мјанмар заеднички се регистрирани од бангладешките власти и УНХЦР“, се посочува во соопштението од таа агенција.
Регистрираните, по првпат, имаат доказ за својот идентитет – безбедни лични карти.
– Бангладешките власти и УНХЦР за бегалците постари од 12 години издадоа беиометриски лични карти, кои не можат да се фалсификуваат. Прецизни податоци ќе им помогнат на агенциите во нивните програми на планирање, посебно за категориите со специфични потреби, како што се жени, деца и луѓе со хендикеп“, се истакнува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година