Над една третина Македонци зборуваат еден странски јазик
Во 2016 година 38 отсто од Македонците, меѓу 25 и 64 годишна возраст, кажале дека имаат познавање од еден странски јазик. Кога станува збор за познавање на два странски јазика оваа бројка опаѓа на 20 отсто, додека само девет отсто од Македонците имаат познавање од три или повеќе странски јазици, покажуваат последните податоци на Европскиот институт за статистика, Евростат, објавени по повод Европскиот ден на јазиците.
Македонија бележи полоши резултати од ЕУ во целина, но подобри од неколку земји членки на Унијата.
На ниво на ЕУ, 65 отсто од граѓаните велат дека познаваат еден странски јазик, покажува Евростат.
По земји членки, најдобри резултати бележат Шведска со 97 отсто, Летонија, Данска и Литванија со 96 отсто, Луксембург со 95 отсто, Финска и Малта со 92 отсто и Естонија со 91 отсто.
Финска и Словенија, пак, имаат највисоки бројки во однос на познавањето на три или повеќе јазици (45 и 38 отсто).
Најниско познавање на странски јазици има во Велика Британија каде само 35 отсто од граѓаните познаваат еден странски јазик, потоа Романија со 36 отсто, Унгарија 42 отсто и Бугарија каде половина од населението не познава ниту еден странски јазик.
Ново на Сител
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола