Над еден милион слободни работни места во Германија
Во Германија, побарувачката за работна сила се зголемува и во третиот квартал од оваа година за 1.097.600 работни места, што е за 175.000 повеќе во однос на истиот период минатата година, објави денеска Институтот за истражување на трудот (ИАБ), кој дејствува во рамките на Федералната канцеларија за вработување.
- Во споредба со минатата година, побарувачката особено порасна во производствениот сектор, сообраќајот и логистиката, вели Александер Кубиш од ИАБ.
Експертите проценуваат дека високата побарувачка за квалификувана работна сила нема да може да се покрие со зголемената имиграција од земјите на Европската унија.
Побарувачката и натаму е голема во секторот на услуги, градежништво и трговија.
Најголемата побарувачка владее во помали компании со максимум 50 вработени, по кои следат средните претпријатија.
ИАБ четири пати годишно прави анкети во компаниите кои имаат пријавено слободни работни места во Канцеларијата за вработување.
На крајот на октомври, повторно е забележана ниска стапка на невработеност - 5,4 отсто. Во октомври оваа година имало 150.000 невработени помалку отколку во истиот период минатата година.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска