Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи вчера по сообраќајните контроли спроведени низ патиштата во земјава издале вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци.
Како што информира денеска МВР, се постапувало согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила.
Во текот на вчерашниот ден наплатени биле и 451 издадени платни налози. Во рамки на контролите најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на нормите поврзани со пречекорување на брзината на движење - 270 и непрописното паркирање – 222. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 73, некористење на сигурносен појас – 64, како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 41.
Полицајците вчера во 10 случаи откриле возачи кои возеле под дејство на алкохол, а пак согласно Законот за возила биле евидентирани 15 технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.
- Министерството за внатрешни работи, односно неговите надлежни служби во делот на безбедноста во сообраќајот, ќе продолжат со плански динамизираните контролно-превентивни активности во насока на анулирање на негативните безбедносни трендови во сферата на сообраќајот, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“