Македонија
10. March 2025 - 19:55
Акција против загадувачите
Две лица се приведени, а претреси се вршат на повеќе локации во вечерашната полициска акција за справување со загадувачи на животната средина.
Според неофицијални информации, на распит се директорот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски и првиот човек на фирмата РКМ, Ратко Капушевски.
Се сомничат за набавка на мазут со сомнителен квалитет.
-Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->