Македонија
8. August 2025 - 16:45

Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест

Над 60 лица вработени во Флораком и Луна, фирми ќерки на Паркови и зеленило три часа го блокираа булеварот Илинден. Протестираат бидејќи се уште на сметките немаат плата за месец јуни, иако овие пари им било ветени од раководството на јавното претпријатие дека ќе им бидат исплатени. Освен без плата, овие лица останаа и без здравствено осигурување. Меѓу вработените има хронично болни и онколошки пациенти.

Од Синдикатот се децидни дека пробале да разговараат со раководството за платата, но безуспешно.

Од Синдикатот го условија раководството на прептпријатието, дека доколку нивните плати не легнат на сметките, повеќечасовните блокади на Илинден ќе продолжат. Сител проба да го контактира директорот на претпријатиео, испративме и прашања на официјалниот мејл на претпријатие. Но, одговори не добивме.

Инаку, ова не е првпат вработените во Флораком и Луна да ги блокираат улиците. Протест имаше и на 17-ти минатиот месец, токму поради истата причина. Од Синдикатот велат дека тогаш им било ветено дека ќе земаат плата во исто време со вработените на претпријатието. Но, тоа не се случи.