Над 42 илјади Косовци се откажале од државјанство во изминатите девет години
Од 2009 до почетокот на 2018 година, над 42 илјади граѓани на Косово се откажале од државјанството, додека само во првите четири месеци од оваа година истото го сторилe 1 648 Косовци, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Загрижувачки е бројот на младите, на возраст од 18 до 34 години, кои се откажуваат од косовското државјанство, пишува денешен „Зери“.
Заменик- министерот за внатрешни работи Изми Зека вели за весникот дека на почетокот на годинава е видно зголемен бројот на оние што се откажале од државјанството, споредено со минатата година.
- Главната причина за откажување од косовското државјанство е добивањето државјанство во некои од земјите на Европската унија, кои не дозволуваат двојно државјанство за оние кои не се државјани на ЕУ, вели Зека.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик