Над 150 патници во паника, авион се приближил до водата при слетување кај Женевското езеро
Авионот EasyJet при слетувањето се приближил до Женевското Езеро, поради што 157 патници доживеале голем стрес и страв пред леталото да слета во Женева, јавуваат медиумите.
Компанијата EasyJet се уште не објавила објаснување за овој инцидент, пренесува Фигаро.
Авионот на компанијата Ербас А320 Нео со 157 патници се најде опасно блиску до површината на Женевското Езеро при неговото приближување до аеродромот во Женева на 5 ноември од се уште нејасни причини.
Регистриран со ознаката G-UZLO, авионот, кој летал од Единбург, Шкотска до Женева, се нашол на околу 230 метри од површината на езерото на место каде што висината на слетувањето би требало да биде најмалку три пати поголема.
„За време на приближувањето до пистата 22, авионот се спушти значително под нивото предвидено со безбедносните процедури, поради што екипажот тргна наоколу и направи нов обид за слетување“, потврдија од Швајцарската безбедносна истражна служба (SESE), која е одговорна меѓу другото и за спроведување истраги на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.
Пилот и поранешен контролор на летање, кој сакаше да остане анонимен, изјави за медиумите дека најверојатно се работи за човечка грешка.
„Не знам што се случи во пилотската кабина, но тука треба да го бараме клучот и објаснувањето“, изјави неименуваниот пилот за дневниот весник Tribune de Genève.
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители