Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
Најверојатно во четврток ќе се одржи состанокот со општините на кој ќе бидат потпишани договорите од вториот јавен повик по што тие ќе можат да објавуават огласи за проектите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој информира дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра.
Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната и на тоа, напомена, се работи дополнително.
-До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони ерва, истакна Мицкоски.
Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите, рече премиерот, ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит - за враќање стари долгоиви и за развој и капитални инвестиции на државата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација