Национална работна група ќе врши анализа и ревизија на перинаталните смртни случаи
Новоформираната Национална работна група за анализа и ревизија на перинаталната смртност започна со подготовки за спроведување редовни систематски контроли на сите перинатални смртни случаи во иднина. Ова е новата мерка што ја воведе Министерството за здравство за подобрување на здравствената заштита на мајките и децата преку систематско собирање и анализа на податоци за да креира интервенции врз основа на докази, информираат од УНИЦЕФ.
– Во моментов, податоците за смртноста не вклучуваат сеопфатен преглед на сите веројатни причини за смртта. Со оваа мерка ќе се обезбеди систематски да собираме и да анализираме податоци за основните причини, како и да примениме интервенции за подобрување на здравствениот систем и квалитетот на здравствената заштита врз основа на докази, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Работната група ќе користи стандардна методологија и пакети за обука изработени од Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување систематска ревизија на смртните случаи. Пакетот му беше претставен на тимот, вчера во текот на воведната работилница поддржана од УНИЦЕФ.
– Во земјата има одлични здравствени работници, но лекарите и медицинските сестри се добри само онолку колку што е добар системот во кој работат. Не само што треба да се воспостават меѓународно акредитирани протоколи и упатства засновани на докази со кои се уредени повеќето европски здравствени системи, туку и стручните лица треба да имаат капацитет да ги применат во пракса, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.
Работната група е составена од висококвалификувани професионалци, вклучувајќи гинеколози од примарната здравствена заштита и породилните одделенија, неонатолози, педијатри, епидемиолози, акушерки, социјални работници и статистичари, со цел при ревизијата да се разгледаат сите аспекти на можните причини за смрт – вклучувајќи ги и оние поврзани со здравствениот систем, здравјето на мајката и социјалните аспекти на здравственото однесување.
Перинаталната смртност – фетална смрт (мртвородено) по 154 дена од бременоста и неонатална смрт во првите 28 дена од животот – се користи за мерење на квалитетот на здравствената заштита. Во Северна Македонија, последните достапни податоци (од 2016 година) покажуваат стапка на перинатална смртност од 16/1000 живородени деца, што е над просекот од земјите-членки на ЕУ од 6/1000 живородени, ситуација која ги вознемири здравствените работници и јавноста и предизвика забрзани напори за подобрување на состојбата, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.
Ново на Сител
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк
-
Мисајловски и Хелез на првиот академски час на Воената академија: Академијата е симбол на знаење и лидерство, со високо реноме и квалитетна настава
-
Претседателот на Киргистан го поддржа повторното воведување смртна казна во земјата
-
„Диџеј Aхмет“ од денеска во македонските киносали!
-
Гњатов: Завршена е транзицијата на украинските вооружени сили во структура на корпус
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице