Национална конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) по повод 20 години од своето постоење организира Национална конференција на тема „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност”.
ОРМ ќе ги презентира наодите од истражувањето кое ги идентификува предизвиците и можностите за раст на продуктивноста во македонските компании.
- На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањето поврзани со развојот на работната сила, капиталот, технолошкиот напредок, пристапот до финансии, менаџерските практики, организациската ефикасност и пазарните услови, информира ОРМ.
Врз основа на наодите, Организацијата на работодавачи предлага конкретни препораки за политики и мерки насочени кон раст на продуктивноста и деловната ефикасност во Македонија.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица