Национален самит „Отпорна младина за кохезивни заедници”

Здружението Центар за интеркултурен дијалог од Куманово во соработка со WorldChicago од САД и со финансиска поддршка од Амбасадата на САД, денеска во Скопје ќе организира национален самит на тема „Отпорна младина за кохезивни заедници”.
Станува збор за платформа на која ќе бидат присустни експерти за борба против насилен екстремизам и професионалци од невладините организации кои ќе дискутираат на теми поврзани со насилен екстремизам.
Целта е присутните да се запознаат со ефикасните техники за задржување и реинтеграција на младите кои ја напуштиле Македонија на паравоена обука со ИСИЛ, иницијативите за подобрување на можностите за вработување и граѓанско учество на имигрантите и малцинствата, практиката на американските институции кои работат заедно во насока на поддршка на еднакви права и слобода на говор, додека се борат со десничарскиот екстремизам.
На настанот ќе бидат претставени најдобрите практики во кампањите против омраза и дискриминација во виртуелните и во реалните простори, потеклото на кампањите кои шират дезинформации, нивната намера и најдобрите практики во борбата сo дезинформациите, врските помеѓу европските и американските групи на омраза и можниот опсег на синергии меѓу американски и македонски невладини организации, САД како глобален лидер во меки и тврди стратегии за борба против насилниот екстремизам.
Поздравно обраќање на самитот ќе имаат Џенифер Р. Литлџон, заменик шеф на мисија на САД во Македонија, и Борче Петревски, национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.
Ново на Сител
-

Ноќеска почнува зимското сметање на времето
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
-

Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина
-

Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе
-

Мицкоски од Конче: Нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места
-

Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
