-->
-->
Начо Фернандез нов капитен на Реал Мадрид
-->
Дефанзивецот Начо Фернандез (33) ќе ја носи капитенската лента на Реал Мадрид во новата сезона во шпанската Ла Лига, соопшти денеска Кралскиот клуб.
Втор капитен ќе биде Лука Модриќ (37), трет Дани Карвахал (31), а четвртата замена за капитенската лента ќе биде Тони Крос (33).
Реал ги одредува капитените според временскиот стаж на фудбалерите во првата екипа за која Фернандез дебитираше во 2011 година и досега за клубот од Мадрид одигра повеќе од 300 натпревари.
Шпанскиот репрезентативец Начо, кој целата своја кариера е дел од Реал Мадрид, ја презема капитенската лента од Карим Бензема, откако францускиот напаѓач претходно овој месец го напушти клубот и потпиша договор со Ал Итихад од Саудиска Арабија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел