Началникот на ВС на Хрватска во посета на АРМ
Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на ГШ на ВС на Република Хрватска, генерал Драго Ловриќ денеска ќе престојува во официјална посета на АРМ.
Како што соопшти Министерството за одбрана, делегацијата на ВС на Република Хрватска, во ГШ на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести, од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, а за време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Ловриќ ќе се сретне и со заменик-министерот за одбрана Иљми Селами.
Унапредување на билатералната воена соработка, искуствата од учеството во меѓународните мисии, како и разгледување на безбедносната состојба во регионот и осврт на емигрантската криза, ќе бидат темите на кои ќе се разговара на средбите.
АРМ со ВС на Република Хрватска има развиено одлична билатерална соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се: образованието, обуката, вежбите, заедничко распоредување во мировни операции и друго. Покрај билатералната соработка, АРМ со ВС на Република Хрватска соработува и активно учествува на повеќе проекти за развој на регионалната соработка во рамки на САД-Јадранската група. Изминатите години, офицери и подофицери на АРМ се школуваа во високите воено-образовни институции на Република Хрватска.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура