Началникот на ГШ на вооружените сили на Унгарија во посета на АРМ

Во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија од денеска ќе престојува началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија генерал Тибор Бенко.
Делегацијата на ВС на Унгарија придружувана од амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јожеф Бенце ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
Како што е најавено, генералот Бенко денеска ќе оствари средба и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Безбедносната ситуација во регионот со осврт на емигрантската криза, процесот на трансформација на АРМ и учество во операции за поддршка на мирот, тековната состојба и унапредување на билатералната армиска соработка со понуда на капацитетите со кои располага МО на РМ и АРМ, се темите на кои ќе се разговара на средбите.
Началникот на ГШ на ВС на Унгарија, за време на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Ѓорге Иванов, а ќе го посети Армискиот полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница.
Ново на Сител
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
-

Со воведни зборови на одбрана продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крај на декември до средина на јануари и крајот на февруари
-

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн
