Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем

Илјадници верници синоќа на Бадник присуствуваа на плоштадот во Витлеем. Тоа е прво одбележување на Бадник од 2022 година, бидејќи градот ги откажа или намали празничните настани изминатите години од почит кон илјадниците луѓе, кои загинаа во војната во Појасот Газа.
Мисата ја водеше кардиналот Пјербатиста Пикабала, највисокиот католички лидер во Светата земја, кој пристигна во Витлеем од Ерусалим и повика на „Божиќ полн со светлина“.
Кардиналот Пикабала истакна дека доаѓа со поздрави од малата христијанска заедница во Појасот Газа, каде што во неделата одржа предбожиќна миса.
- Сите ние заедно, одлучуваме да бидеме светлина, а светлината на Витлеем е светлина на светот, наведе Пикабала пред илјадниците собрани христијани и муслимани.
И покрај празничното расположение, влијанието на војната врз Западниот Брег, кој беше окупиран од Израел, е видливо, особено во Витлеем, каде што околу 80 проценти од жителите на тој претежно муслимански град зависат од бизнисите поврзани со туризмот.
На полноќната миса имаше само неколку странци, но локалното население истакнува дека почнуваат да гледаат знаци на промена и оти туристите полека се враќаат.
Од приближно тримилионското населени во Западен Брег само два проценти се христијани.
Ново на Сител
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
