-->
-->
На учениците дал задача: Колку сириски мигранти треба да бидат фрлени во морето?
-->
На наставник по физика во една гимназија во Бидгошч, на северот на Полска, му се заканува отказ откако на децата им дал задача да пресметаат колку сириски бегалци треба да се фрлат од сплав во море, за сплавот безбедно да дојде до грчкиот брег."Четири бегалци од Сирија се обидуваат да дојдат до Грција на сплав со димензии 1 X 2. Пресметај колку бегалци треба да се турнат од сплавот во морето, доколку секој од нив има по 60 килограми", гласела задачата на часот по физика, која ги шокирала децата, но и нивните родители, кои веднаш го пријавиле наставникот кај директорот на гимназијата.
Директорот истиот ден разговарал со наставникот и го известил дека следниот таков инцидент ќе значи отказ, рекла за полската телевизија TVN24, заменичката на директорот, Елжбјета Сташевич.
Наставникот се правдал дека сакал само да го привлече вниманието на учениците.
"Пред тоа имаа задачи во кои градеа тој сплав, па ова некако логично произлезе. Тоа нема никаква врска со некаков мој расистички пристап. Немам ништо против бегалците, со задоволство би сакал да видам луѓе со различни потекла во Полска, доколку сакаат да живеат тука", рекол за TVN24 наставникот.
Иако во гимназијата бил само опоменат, не е исклучено да ја изгуби работата, откако случајот дошол и до просветните власти во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
