Македонија
24. July 2016 - 20:00

На Таксим заеднички митинг на опозицијата и власта

Илјадници приврзаници на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) учествуваат на митинг на истанбулскиот плоштад Таксим.

Целта на митингот е да се осуди обидот за воен удар во Турција.

Организатор на митингот е ЦХП, а со цел да се искаже патриотско единство на собирот се приклучи и АКП на Ердоган.

Првпат приврзаниците на опозициската ЦХП и на владејачката АКП учествуваат на заеднички митниг.

- Обидот за воен удар уште еднаш ни покажа колку вредни за нас се демократијата и слободите, изјави пред митингот заменик-претседателот на ЦХП, Енгин Алтај.