На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по 15 до 30 минути
Зголемена е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што соопштуваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а интензитетот е зголемен на патните правци надвор од градските средини.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра