На преминот Ќафасан кај скопјанец откриени непријавени над 17.000 евра
Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, откако кај него биле откриени непријавени 17.770 евра.
– При влез во Република Албанија, во втората линија, за детална контрола на возилото марка „Фолксваген“, управувано од државјанинот Зоран Николиќ(34) години, жител на Скопје, Македонија откриени се 17.770 евра кои претходно не ги пријавил. Парите при контролата се пронајдени во чанта која била во возилото и се одземени, како доказен материјал, стои во полициското соопштение.
Се додава дека понатамошни активности биле извршени од специјалисти за истрага на криминал во полицискиот комесаријат Поградец, кои го привеле 34-годишниот скопјанец.
Случајот е предаден на Обвинителството во Основниот суд Поградец.
-Службите на Граничната полициска станица Ќафасан во соработка со царинските органи, како и на сите други гранични премини, во рамки на заложбите за спречување и сузбивање на незаконитост од секаков вид, реализираат зголемени контроли врз основа на анализа на ризик. Посебно во овој период кога фреквенцијата на патници и возила е видно зголемена, посочуваат од полицијата.
Ново на Сител
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана