На породилно ќе одат и татковците
Освен деветмесечното породилно отсуство за мајките – и татковците ќе добијат зелено светло да не доаѓаат на работа веднаш штом добијат принова во семејството. До крајот на годината, во Собранието ќе се дискутира Законот за работни односи со изменет текст и кој пратениците ќе можат да го изгласаат. Сегашните правила не му дозволуваат на таткото да отсуствува од работа, а по измените ќе може да искористи еден месец слободен.
Како што се уредени Законите моментално, таткото има право да земе родителско отсуство, но само ако мајката се откаже од користење на деветте месеци кои и следуваат. Невладините организации се ангажирале и истражувале како овие работи функционираат во странство и како таму се уредени работните односи. Запишале дека во изминатите 20 години постојано се менуваат правилата во другите држави и така се намалува родовата нееднаквост. Активистите затропале на вратата на Труд и социјала за веднаш да им го посочат тоа.
Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило. За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.
Моментално Законите гарантираат дека на жената и следува деветмесечно породилно отсуство. Работниците кои користат отсуство поради бременост, раѓање или родителство имаат право на надоместок на плата. Дополнително, жените имаат право на користење неплатено родителско отсуство до три месеци. Тоа можат да го искористат додека детето да наполни три години.
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим